Ќе воведе ли Хаг мерки против Израел поради обвинувања за геноцид?

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во петокот соопшти дека ќе започне со разгледување по завршувањето на дводневното рочиште за јужноафриканскиот случај кој го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа.

Loading...

„Денеска завршија јавните расправи за барањето за воведување привремени мерки поднесено од Република Јужна Африка во случајот со примената на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид во Појасот Газа (Јужна Африка против Израел)“, се вели во соопштението.

„Судот сега ќе ја започне расправата. Одлуката на Судот ќе биде донесена на јавна седница, чиј датум ќе биде објавен во догледно време“, додаде највисокиот суд на Обединетите нации (ОН).

Судот во Хаг ги слушна аргументите на Јужна Африка во четвртокот, додека Израел ги бранеше своите постапки во петокот, со што заврши дводневното сослушување.

На првиот ден од рочиштето беа упатени барања за мерки на претпазливост за запирање на нападот, а на рочиштето во петокот се бранеше израелската делегација.

На сослушувањето адвокатите кои ја застапуваа јужноафриканската страна го обвинија Израел дека неговите намерни дејствија против Палестинците во Газа ја докажаа неговата геноцидна намера.

Тал Бекер, правен советник во израелското Министерство за надворешни работи, даде воведни забелешки за Израел.

Меѓу другото, тој рече дека акциите на Израел во Газа се чин на самоодбрана по нападот на Хамас на 7 октомври.

Loading...

Во тужбата на Јужна Африка, поднесена во декември, се наведува дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Документ од 84 страници беше предаден на судот во кој се опишани злосторствата за кои тој тврди дека претставуваат геноцид во Појасот Газа.