Ќе спиеме еден час пократко, но како поместувањето на часовникот може да влијае на нашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Летното сметање на времето започнува во недела, 28 март, со поместување на часовникот еден час напред, односно од два на три часот наутро.

Loading...

Преминот на летно сметање на времето на краток рок значи еден час пократок сон, но на долг рок тоа носи подолго траење на денот во текот на шест месеци од крајот на март до крајот на октомври.

 

 

Како оваа транзиција може да влијае на здравјето

Секоја промена или нарушување во нашиот природен циклус може да предизвика и намалена продуктивност и губење интерес за работа. Во овој период, ние често стануваме повеќе подложни на болести и сме повеќе уморни.

Часовникот се движи напред, така што ќе спиеме еден час пократко. Дерматолозите предупредуваат дека оваа промена може лошо да влијае на вашата кожа, затоа треба да се преземат одредени мерки за заштита и превенција. Губење на еден час сон може да предизвика внатрешно нарушување на часовникот што може да влијае на стапката на стареење на вашата кожа.

Loading...

 

 

– Нашето тело е поврзано со нашиот внатрешен часовник на интересен начин. Дури и најмалите промени во овој часовник можат да влијаат на нашето здравје, особено на кожата. Има промени во навиките за спиење, температурата на телото, отчукувањата на срцето, крвниот притисок, нивото на кислород и лачењето на хормони, и сè влијае на тоа како изгледа и се чувствува вашата кожа – изјави Кендис Браун, козметичар од водечка клиника во Велика Британија, пренесува Мирор.

Бидејќи на биолошкиот часовник му треба време да се прилагоди на „вознемирениот будилник“, не треба да ве изненадува ако утре почувствувате силен замор, поспаност, па дури и срцеви проблеми кај постарите лица.

Движењето на часовникот многу влијае на расположението. Ова е особено изразено кај метеоролозите и луѓето со чувствителни крвни садови.

 

Loading...

Leave a Reply