Ќе се врши дератизација од глувци – внимавајте на децата од поставени антикоагуланти

Сподели со своите пријатели

Како што информират од општина Куманово, во понеделник /5 октомври/ ќе се врши дератизација против глувци на територија на Општина Куманово.

Loading...

Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.

Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Ако дозволат временските услови, дератизацијата ќе трае и во наредните два дена.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.