Ќе се санираат училишта во четири кумановски села

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави повик за избор на компании за санација на четири училишни згради во четири села, соопштија денеска надлежните од општината.

Loading...

Според објавата ќе се избираат фирма за реконструкција на подовите и санитариите во училишната зграда на ООУ „Кирил и Методиј“ во село Романовце, ќе се менува кровот во подрачното училиште „11 Октомври“ во село Речица. Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња ќе се реконструира тамошното подрачно училиште, а во ОУ „Кочо Рацин“ ќе се санира кровот и ќе се менува фасадата.

Набавките се од мала вредност, заинтересираните економски оператори можат да се информираат за условите на електронскиот систем за јавни набавки и треба да ги состават своите понуди до 14-ти декември, годинава за сите, освен за училиштето во Речица, чие отворање е закажано за 22 декември во просториите на општината.

Четирите училишта се подрачни на толкав број основни училишта во Куманово и според директорите се очекува да се изберат фирми, да се почне со санација и да се подобрат условите за изведување на наставата во овие рурални средини.

МИА