Ќе се реконстурира куќата на „Христијан Тодоровски Карпош“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во завршна фаза е проектната документација за градската куќа „Карпош“ која наскоро ќе добие целосна реконструкција, најави денеска градоначалникот Зоран Дамјановски при пуштање на употреба на улицата „Прохор Пчински“.

Средствата се добиени од УНДП, правиме сега комплетна документација. Најголем проблем е што тој објект е под заштита под заштита и треба конзерватовски услуги и согласност и мислам дека од септември ќе се отпочне со реконструкција. Ќе биде еден прекрасен објект и ќе има младински центар, клуб за активисти и невладини здруженија, прекрасна бавча, ќе има и мал ресторан така да ќе биде мултифункционална куќа – изјави Дамјановски.

13754285_1325924877435101_6875621242640763186_n

Loading...

 

Тој потенцираше дека општината ги има имотните листови, а го откупила и спорниот дел, а се обезбедени средствата од УНДП, бидејќи општината нема доволно финансиски средства сама да го изведе проектот.

Отпочнуваме овие денови преку УНДП на Табановце 1,3 километри асфалтирање. Тоа е нивен допринос за бегалската криза, бидејќи тој е дел од бегалската криза и тука се они концентрирани. Тоа се пари од Обединети нации, УНДП и мислам дека ќе бидат целосно искористени – додава Дамјановски.

Околу 200 илјади долари треба да чини кумановската градска куќа, а за асфалтирањето на Табановце ќе бидатоделени 90 илјади долари, како и средства за решавање на инфраструктурен проблем во Сопот кој исто така е зафатен од бегалската криза.

13754467_1325924820768440_4416447215491738665_n

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”400″ height=”650″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]