Ќе се реконструира водоводната мрежа на „Никола Тесла“

Сподели со своите пријатели

Водоводната мрежа на улицата „Никола Тесла“ во Куманово конечно ќе биде реконструирана.

Loading...

Општина Куманово за 2021 година во развојната програма предивде пет милиони денари преку Јавното претпријатие „Водовод“ да се изврши замена на водоводната мрежа на овој дел од градот, каде секојдневно има дефекти во водоснабдувањето.

Информацијата денеска на Советот на Општина Куманово ја сподели советникот Благојче Јакимовиќ дискутирајќи за развојната програма за 2021 година.

– Конечно значи по одреден временски период и од инсистирање на дел од советниците и советничка група коалиција за живот се оделени средства за реконструкција и замена на водоводната мрежа на улица „Никола Тесла“ и за прв пат во оваа година за програма има 50 отсто учество на ЈП водовод, пет милиони денари со што ќе отпочне да се санира овој проблем за жителите на улицата, изјави Јакимовиќ.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *