Ќе се реконструира објектот на поранешен хотел Солун во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ќе се реконструира објектот на  поранешен хотел Солун во Куманово, соопштија надлежните од општината.

Loading...

Реконструкцијата ќе се спроведе преку проект на Центарот за развој на североисточниот плански регион кој е поддржан од ЕУ преку прекугранична соработка со општина Дупница од Бугарија.

– Проектната документација е во завршна фаза. Се надеваме дека со крајот на октомври ќе почне реконструкција на поранешниот хотел Солун. Планирано е за шест месеци да биде вратен во првобитна положба. Колку средства ќе бидат потрошени зависи од тендерската постапка, предвидени се околу 180.000 евра за целиот проект-изјави координаторот на проектот, Александар Крстевски.

 

 

Објектот ќе го задржи автентичниот изглед и ќе го користат граѓанските организации.

Секторот за евроинтеграции од Општина Куманово, лани го изработи проект за обнова на поранешниот „Хотел Солун“, еден од најрепрезентативните објекти, лоциран на улицата „Иво Лола Рибар“ во централното градско подрачје.

Loading...

Овој објект ќе се конзервира, реставрира, санира и адаптира. Во приземјето се предвидува повеќенаменски простор за презентации, трибини и инфо-центар, а во просториите на првиот кат се предвидуваат административни простории.

Бенефитот од реализацијата на овој проект велат од општината е повеќекратен и вклучува подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природно и културно наследство.

Leave a Reply