Ќе се интензивира заловувањето кучињата околу училиштата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на неделата инспекциските служби и ветеринари ќе ги заловуваат уличните и агресивни кучиња кои ќе бидат забележани во близина на училиштата во Куманово.

Loading...

Ова денеска на седница на Советот на Општина Куманово го истакна раководителот на Секторот за инспекциски надзор Бобан Бојковски.

 

 

Ваквата реакција следува по вчерашниот немил настан кога куче тешко над 70 килограми искаса осум лица во центарот на градот.

– Комунален редар од Секторот за инспекциски надзор и Ветеринарниот центар „Тодор Велков“ континураино недела дена ќе бидат во близина на училиштата и сите кучиња што таму ќе бидат забележани ќе бидат заловени, рече Бојковски.

Откако кучето кое вчера искаса осум лица, било заловено, од ветеринарите од ВСЦ „Тодор Велков“ било дадено стручно мислење дека не се работи за бездомно куче.

Loading...

– Првично стручно мислење е дека тоа куче не е бездомно куче, или е избегано или е пуштено од сопственикот. Побарав официјално стручно известување за да покренеме иницијатива за пронаоѓање на сопственикот и покренување постапка пред Основното јавно обвинителство, додаде Бојковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

 

 

Бело-кафеавиот азијат бил тежок околу 70 килограми, но иако не бил микрочипиран и неговиот сопственик не е познат, се претпоставува дека сепак некој го чувал, оти ушите и опашот ми биле сечени.

Врз основа на издадено известување од ветеринарите, општината ќе покрене иницијатива пред Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за да се направат напори да се пронајде сопственикот.

 

Loading...

 

Поради поголемиот број улични кучиња, Бојковски им порача на граѓаните, дека доколку бидат нападнати од некое од нив веднаш да пријават во Центарот за управување со кризи на броевите 112 или 195, како и во Секторот за инспекциски надзор на телефонот 031 414 375.

Како што појасни тој, општинската инспекција нема големи овластувања во доменот на оваа проблемитка.

– Инспекцијата единствено согласно закон може да делува ако сопствнеик на домашно милениче на врата нема истакнато „пази куче“, ако не се води на повез кога се шета и ако е опасно. Да биде водено од страна на полнотелно лице и да има заштитна маска, само во овие три семгенти општината има надлежност, останато е надлежност на инспектори од АХВ, појаснува инспекторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово

 

 

Општината има издвоено 1,2 милиони денари од буџетот за третман на уличните кучиња. Ги заловуваат ветеринари од „Тодор Велков“, ги вакцинираат, прегледуваат, стерилизираат и ако по одреден период не бидат вдомени мора да се вратат онаму каде биле заловени.

Loading...

Советникот Дарко Митевски, кој и самиот е доктор по ветеринарна медицина, вели дека единствено решение на овој проблем е законска измена со која ќе биде дозволено размножување на кучиња да вршат само лиценцирани лица и фирми, а сите останати да бидат стерилизирани.

– Кај нас проблем е менталитетот затоа што ако на некој му здосади кучето, се окучи, се спарило со некое, тие ги фрлаат на улица. Општината не може да се справи со толкав голем број како што луѓето може да ги пуштат на улица, тоа е како бунар без дно. Треба да се направи измена во закон, секој што чува куче дома, да се направи во толкава и толкава просторија може да чува едно две, да се ограничи, првично да се ограничи бројката, секогаш да мора да бидат чипирани и вакцинирани, регистрирани. Ако некој сака да одлегува и разможува да биде регистриран и само тој да продава, сите други да ги стерилзириаат за да не се размножуваат, вели Митевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

 

 

Тој предлага во идно изменување на законите да се забрани ветеринарните станици да третираат кучиња на сопственици кои претходно не ги чипувале.

Loading...

Советникот Менду Асани вели дека првин мора да се знае точната бројка на бездомни кучиња во Куманово и да се издвојат повеќе пари од буџетот за нивно социјализирање.

– Најголема одговорност треба да ја сносиме како општина и да доделиме средства за секое куче да му се стави микрочип бидејќи за целиот проблем граѓаните вперуваат прст во општината, рече Асани.

Инаку Куманово не е единствениот град со ваков проблем. Секојдневно билтенот на МВР е преполн со каснувања од кучиња скитници низ целата држава, па затоа проблемот бара системско решение.

Никола Ивановски