Ќе се формира иницијатива за помош на вработените во ЈП „Пазаришта“

Сподели со своите пријатели

Иницијатива за помош на вработените во Јавното претпријатие „Пазаришта“ ќе се покрене на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово, откако на седницата во вторник ќе се констатира целокупната штета која оваа претпријатие, но и „Куманово паркинг“ ја имаат претрпено во изминатиот период поради кризата со коронавирусот.

Loading...

Како што појасни претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска на денешната прес конференција, овие две јавни претпријатија имаат претрпено најголема штета во изминатиот период.

– На следната седница ќе расправаме за две информации во врска со претрпените штети на двете јавни претпријатија „Куманово паркинг“ и „Пазаришта“ кои заради потребите од безбедност и ограниченото движење и полицискиот час во текот на изминатите месеци во некои периоди потполно не работеа, а во некои периоди со ограничен капацитет, дел од нив и понатаму така функционираат, изјави Мургашанска.

Иницијативата за помош ќе дојде директно за вработените во ЈП „Пазаришта“ кои останаа без своите приходи поради одлуката на централните институции од безбедносни причини пазарите во државата да бидат затворени.

– Освен овие две информации кои ќе бидат само констатирани за претрпената штета планираме понатаму, најавувам како Совет на Општина Куманово ќе покрене иницијатива како да им помогнеме на вработените, особено во Јавното претпријатие „Пазаришта“ кое беше затворено со препораката на Владата на Република Северна Македонија за потполно затварање и ограничено работење на пазарите во републиката и со оглед на штетите кои тие ги претрпеа и неможноста да остваруваат редовни приходи ќе се бараат начини како да се помогне и ние како Совет на Општина Куманово, во рамките на локалната самоуправа, а можеби и од други можности, рече претседателката на Советот.

Веќе во вторник се очекува Советот на Општина Куманово да донесе одлука со која ќе ги ослободи родителите од плаќање на надоместокот за градинка.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply