Ќе го помести ли коронавирусот претстојниот Евросонг?

Сподели со своите пријатели

Поради ширењето на коронавирусот, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) размислува за алтернативни решенија за натпреварот за избор на песна на Евровизија, но како што посочуваат од организацијата, сè уште е рано да се донесе конечна одлука за промена на начинот на одржување на натпреварот.

Loading...

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) внимателно ја следи состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и ги следи советите и насоките на Светската здравствена организација и националните здравствени институции, се вели на официјалната веб-страница на Евровизија.

Слушнете ја евровизиската песна на Македонија за 2020 (ВИДЕО)

ЕБУ додава дека соработува тесно со холандскиот медиумски сервис што го организира натпреварот, како и со градот Ротердам, за да испита различни потенцијални сценарија за натпреварот за песна на Евровизија 2020 година.

Сепак, како што се наведува до натпреварувањето има уште два месеци и сè уште е рано да се донесе конечна одлука затоа што ситуацијата брзо се менува, како во Холандија така и во другите земји кои учествуваат на годинашната Евровизија.

Македонија ќе настапи меѓу првите на Евровизија 2020

„Ние продолжуваме да работиме заедно како тим за да се подготвиме за 65-от натпревар за избор на песна на Евровизија во Ротердам“, се наведува на официјалната веб-страница на натпреварот.

Овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија е предвидено да се одржи од 12 до 16 мај во Ахој арената во Ротердам.

Loading...

Земјата на лалињата и ветерниците има ново име

Организаторите веќе изјавија дека размислуваат за алтернативни решенија за организирање на натпреварот.

Leave a Reply