Слушнете ја евровизиската песна на Македонија за 2020 (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Песната со која Македонија ќе се претстави на 65то издание на Евровизија, го носи името „You“ (Ти), за која изведувачот Васил Гарванлиев има и видео запис.

Loading...

Музиката е дело на невена Нешкоска, а текстот го напишала со нејзината сестра Калина Нешкоска и американката Алис Шредер.

Дел од тимот кој работел на песната се и Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а спотот е под режисерска палка на Милена Витман.

Овогодонишниот избор за песна на Евровизија се одржува во Ротердам, Холандија, каде на 12 мај Гарванлиев ќе настапи во првото полуфинале заедно со Австралија, Белорусија, Ирска, Литванија, Русија, Словенија, Шведска, Азербејџан, Хрватска, Белгија, Израел, Кипар, Малта, Норвешка, Украина и Романија.

Гарванлиев е дипломиран оперски пејач, има 35 години, а својата популарност ја стекнува на детскиот фестивал „Златно славејче“ со песната „Марионка“.

Leave a Reply