Македонија ќе настапи меѓу првите на Евровизија 2020

Сподели со своите пријатели

Македонија ќебиде меѓу државите кои ќе ја отворатовогодинешната Евровизија која ќе се одржи во Ротердам, Недерланд (Холандија).

Loading...

Пејачот Васил Гарванлиев кој ќе ја претставува земјава, ќе настапи меѓу првите шест во полуфинална вечер на 12 мај.

Освен Македонија, во оваа вечер настапуваат и Белорусија, Литванија, Шведска, Словенија, Австралија, Ирска, Русија, Норвешка, Кипар, Хрватска, Азербејџан, Малта, Израел, Украина, Романија и Белгија.

Втората полуфинална вечер на 65. издание на Евровизија, е на 14 мај, кога ќе настапат Австрија, Молдавија, Полска, Сан Марино, Србија, Исланд, Чешка, Грција, Естонија, Данска, Бугарија, Швајцарија, Финска, Ерменија, Латвија, Грузија, Португалија и Албанија.

Loading...

Финалето е закажано на 16 мај, а директно таму се пласирани Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и земјата домаќин Недерланд (Холандија).

Редоследот на настапите беше избран со ждрепка која се одржа денеска во Ротердам, а точниот број под кој ќе настапуваат земјите допрва ќе се избира.

Македонецот Гарванлиев, МРТ го избра интерно, тој е оперски пејач, кој стекна популарност пред 28 години кога ја изведе „Марионка“ на детскиот фестивал „Златно Славејче“.

Песната со која тој ќе не претставува допрва ќе се избира.

Никола Ивановски

Leave a Reply