Кишида и Бајден на почетокот на јануари за безбедносните прашања

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида планира да ги посети САД во јануари следната година.

Loading...

Кишида планира разговор со претседателот Џозеф Бајден за безбедносни прашања, јавува Ројтерс повикувајќи се на јапонски медиуми.

Посетата е планирана за првите две недели од јануари, а се претпоставува дека на врвот на агендата на состанокот ќе биде продлабочувањето на билатералните безбедносни односи меѓу Јапонија и САД, се наведува во извештајот на јапонската агенција Кјодо.

Повикувајќи се на неименувани извори од владата, Кјодо известува дека Кишида планира и можна посета на Светскиот економски форум во Давос следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД