Кире Наумов: Режимската МРТВ тоне во долгови побрзо и од Владата (видео)

Сподели со своите пријатели

Огромните долгови на Македонската радио телевизија се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива, вели дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов на денешната прес конференција откако вчера Управата за јавни приходи ја блокираше сметката на јавниот сервис поради енормни долгови.

Наумов вели дека раководството на МРТВ за само две години долгот по основ на даноци го зголемила за повеќе од три пати.

Во јануари 2014 долгот изнесувал скоро 600.000.евра, а во февруари 2016 според листата на должници на Управата за јавни приходи долгот е повеќе од два милиони евра. Неправедно е граѓаните да плаќаат даноци за да го полнат буџетот и дополнително да плаќаат Радиодифузна такса за финансирање на партиско гласило кое создава само долгови – изјави Наумов.

Тој додава дека УЈП секоја година блокира десетици илјади граѓани и фирми поради радиодифузна такса, што кај граѓаните создава дополнителни проблеми и нови и нови трошоци и вели дека наместо вистински јавен сервис што ќе работи во интерес на граѓаните, МРТВ е дел од пропагандната машинерија на Никола Груевски.

За период од еден месец, од 01.02.2016-29.02.2016, на МТВ1 емитувани се позитивно-промотивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во траење од 3 часа и 28 минути. Промотивни прилози за СДСМ се емитувани од само 37 минути, што е разлика од 3 часа. Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ на МТВ1 нема, но затоа негативни прилози за СДСМ има во времетраење од 16 минути. Ваквата работа МРТВ е уште еден доказ зошто се потребни реформи за слободни медиуми. Неопходно е да се обезбеди медиумски простор за непристрасно, балансирано и објективно информирање на граѓаните. Јавноста има право да ја знае вистината – вели дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

Тој нагласи дека СДСМ ќе ја укине Радиодифузната такса и ќе обезбеди одржливо финансирање на МРТВ од буџетот на државата веднаш кога ќе дојде на власт.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.