Кинезите успешно клонираа мајмун – луѓето би можеле да бидат следни (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Доаѓањето на светот на клонираните мајмуни ја разбуди загриженоста дека луѓето се следниот вид кој ќе биде клониран.

Кинеските научници објавија дека се роди девојчињата Зонг Зонг и Хуа Хуа, пар здрави макаки мајмуни кои се целосно генетички исти. Бебињата се хранат со помош на флашички и нормално се развиваат во споредба со нивните врсници. Се очекува раѓање на уште многу клонови во наредните месеци.

 

Loading...

 

Претходно, научниците клонирале примати со делба на ембрион на полот, но процесот всушност подразбираше создавање близнаци пред клонирањето. Научниците истакнале дека се надеваат дека ќе им дозволи креирање на војска генетски униформирани мајмуни кои можат да се користат во лабораториите за да се унапредат истражувањата.

 

 

– Бариерата во клонирањето на приматите сега е надмината, изјавил Миминг Пу од Кинеската научна акаедимија во Шангај.

Додава дека ова значи дека луѓето можат да бидат клонирани, но дека неговиот тим нема да се занимава со тоа. Научниците се противат на клонирање луѓе и Пу истакнува дека здружението го отфрлило тоа од етички причини. Процесот е многу комплициран и потребни се 127 јајце клетки за да добиете две бебиња. Се работи за клорање на фетус од мајмуни затоа што се уште е невозможно да се клонира возрасна единка. По тоа Доли беше единствена затоа што таа беше прв клон на возрасна единка.

 

Loading...

 

Научниците пресадиле 79 емрбиони за да добијат на крајот само две девојчиња. Откриваат дека на овој начин можат да се добијат многу мајмуни со ист генетички код, пишува „Тајм“.

 

 

Доколку процедурата се усоврши на клонирање на мајмуни, се поставува прашањето дали здружението ќе се соочи со етичкиот проблем за примена на процедурата врз луѓе.

https://youtu.be/U3mqFP4HpJc

На следната страна прочитајте за првата клонирана овца Доли го добила своето име?

Pages: 1 2