Кинезите успешно клонираа мајмун – луѓето би можеле да бидат следни (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Доли, најпознатата овца на светот била клонирана на 5 јули 1996 година, во Шкотска и претставува првиот цицач клониран од соматска клетка на возрасно животно, односно возрасна овца. Нејзиното доаѓање на овој свет било објавено на 22 февруари 1997 година од страна на Институтот Рослин во Единбург и ова извонредно научно достигнување веднаш предизвикало дебата во врска со можната примена на оваа техника кај луѓето.

 

Loading...

 

Животот на Доли воопшто не бил лесен – таа прерано остарела, страдала од артритис и болест на белите дробови и била еутанизирана во 2003 година пред да наполни 7 години, а нејзините мошти се чуваат во Националниот музеј на Шкотска. Денес, две децении по раѓањето на Доли, можеме да кажеме дека не се реализирани ниту надежите ниту стравовите во врска со клонирањето, па што тогаш е нејзиното наследство?

Pages: 1 2