Кинезите го развија најсилниот ласер во светот

Сподели со своите пријатели

Научници од Кина створиле ир азвиле најсилен ласер на светот. Неговата сила изнесува дури 5,13 милијарди мегавати, но постои мал проблем во овој ласерски зрак кој го створиле кинеските научници – трае многу пократко од трепнување на окото.

Loading...

Според пишувањето во „South China moning post“, научниците од Кинескиот институт за оптика и прецизна механика во шангај, на чело со професорот Ли Русин, произвеле до сега најсилен ласер во светот.

Со оглед на силината на добиениот ласерски зрак, може да се користи во различни области, од нуклеарна физика до индустријата за оружје.

Истражувањето на кинеските научници е објавено во магазинот „Optics Letters“.

Измерената јачина на неговиот ласерски зрак во „Стејт ки“ лабалаторијата на споменатиот институт е 5,13 милијарди мегавати.

Меѓутоа има своја „Ахилова пета“ – одблесокот на ласерскио зрак трае само една фемтосекунда или 30 кавадрилионит дел од секунда. Тоа значи дека успева да створи мала количина енергија од 190 џули, едвај доволно да се загрее шолја кафе.

Сепак, кинеските научници така зад себе ги осавија јапонските научници кои пред шест месеци во Осака го обориле рекордот и направиле ласер со јачина на зрак од две милијарди мегавати и должина на траење од 1 пикосекунда – милијардити дел од секунда.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.