Кинески научници успеале да телепортираат објект на далечина од 500 километри

Сподели со своите пријатели

Човештвото направи уште еден чекор на полето на квантната наука. Имено, кинеските научници успешно испратиле електрон на сателит во ниската орбита на Земјата, одалечен околу 500 километри.

Loading...

Ова до сега е најголемата одалеченост на која е телепортиран некој објект, пишува „Твик таун“.

Како што е наведено, истражувачите го искористиле квантната наука за да телепортираат електрон. Квантното спрегнување е физички феномен кој се јавува кога парови или групи честички се формираат или делуваат меѓусебно на таков начин што квантната состојба на поединечните честички не може да се утврди независно од другите честички, дури и ако честичките во прашање делат голема одалаченост. Наместо тоа, мора да се земе квантната состјоба како систем во целина.

Ова не е прв тест од овој вид. Научниците наназад месец дена спроведувале многу испитувања и испратиле милиони фотони од локацијата на Тибет.

– Oвој труд ја упрости првата врска на тло-сателит за верна и ултра далечна квантна телепортација, што е клученј чекор кон квантниот интернет на глобална скала, соопштил тимот научници.

Leave a Reply