Кинески авиони прелетаа над Тајванскиот теснец

Сподели со своите пријатели

Два кинески авиони денеска ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, кој вообичаено служи како неофицијална бариера меѓу двете страни, соопшти тајванското Министерство за одбрана, додека Пекинг продолжува со воените маневри во близина на островот, пренесува Ројтерс.

Loading...

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, одржува воени вежби околу островот од почетокот на август како одговор на посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Подоцна, неколку американски сенатори и гувернери го посетија Тајпеј, што Кина го оцени како провокација и мешање во нејзините внатрешни работи.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.