Кинески авиони извршија симулиран напад на Тајван

Сподели со своите пријатели

Кинески авиони и бродови спровеле вежби за симулирање на напад на главниот остров на Тајван, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

Loading...

Министерството објави дека неколку групи кинески авиони биле откриени во Тајванскиот теснец и дека некои ја преминале линијата на разграничување, пренесува Ројтерс.

Војската на Тајван емитуваше предупредување и употреби воздушни извидувачки сили, поморски бродови и крајбрежни ракети за да одговори на маневрите, се додава во соопштението, според Ројтерс.

Тајван истрела предупредувачки ракети кон беспилотни летала

Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека доцна синоќа истрелало проектили за да предупреди седум беспилотни летала кои летаат над тајванските острови Кинмен и неидентификувани авиони кои летаат над островот Мацу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Министерството соопшти дека војниците се во состојба на готовност во двете области, кои се наоѓаат недалеку од брегот на континентална Кина, пренесува Ројтерс.

Пекинг започна големи воени вежби оваа недела како одговор на посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.