Кина санкционира седум тајвански функционери

Сподели со своите пријатели

Кина санкционираше седум тајвански функционери за поддршка на независноста на островот, објавија денеска медиумите во Пекинг, а пренесува Ројтерс.

Loading...

Санкциите доаѓаат по посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси претходно овој месец, потег што Кина го осуди како испраќање погрешен сигнал до силите за независност на Тајван.

Кинеската новинска агенција Ксинхуа јави дека меѓу санкционираните од страна на кинеската Канцеларија за работи на Тајван биле Ксијао Би-Ким, де факто амбасадор на Тајван во Вашингтон и Велингтон Ку, генерален секретар на тајванскиот Совет за национална безбедност.

Санкционирани се и политичарите од владејачката партија на Тајван, Демократската напредна партија, наведува британската агенција.

Портпаролот на Канцеларијата за прашања на Тајван рече дека на санкционираните нема да им биде дозволено да ги посетат Кина, Хонг Конг и Макао, а на компаниите и инвеститорите поврзани со нив, исто така, нема да им биде дозволено да работат во Кина.

Министерството за надворешни работи на Тајван денеска соопшти дека не прифаќа закани од Пекинг, откако Кина воведе санкции за вкупно седум службеници на овој остров.

Санкциите ќе имаат мало практично влијание бидејќи високи тајвански претставници не ја посетуваат Кина, според Ројтерс.

Кина го смета Тајван за нејзина територија, а не за независна држава, додека владата во Тајпеј ги оспорува овие тврдења на Пекинг.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.