Кина против исклучувањето на Русија од Г20

Сподели со своите пријатели

Кина се противи на исклучувањето на Русија од Г20 и другите меѓународни форуми, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на индонезискиот остров Бали.

Loading...

На почетокот на билатералната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на самитот на Г-20, тој рече дека Пекинг ја поддржува улогата на Русија во рамките на Г-20 и другите меѓународни форуми и оти верува дека никој нема право да и го одземе правото на Русија да учествува во мултилатерални формати, пренесува Интерфакс, пренесува Танјуг.

Украина претходно објави дека бара Русија да биде исклучена од Г20 поради нападот врз таа земја.