Кина претстави воз кој ќе може да се движи со 600 километри на час (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кина претстави прототип на маглев (магнетно левитациски) возд, кој може да достигне брзина од 600 километри на час.

Loading...

Кинеската телевизија CCTV го снимала претставувањето на возот организирано во Кингдаоу, а проектот го развива кинеската државна компанија „China Railway Rolling Stock Corporation – CRRC“.

Заменикот на главниот инжинер Динг Сансна рекол дека прототипот ќе може да ги провери клучните технологии и системски компоненти на системот маглев возови со голема брзина, пишува агенцијата Анадолија.

CRRC Sifang Co во Кингдаоу изградил тесни производни центри за маглев возови, а во другата половина од годината се очекува да започнат сор абота.

Прототипот со еден вагон од производната лента би требал да пристигне следната година и да направи тест возење од пет километри.

Компанијата во 2021 година би требала да ги заврши тестовите на возот и да го заврши тестинг процесот.

Споменатиот воз, доколку биде ставен во функција би можел да ја пополни празнината меѓу возовите кои се движат со 350 и 400 километри на час и патничките авиони кои леаат на брзина од 800 километри на час.

Првиот комерцијален маглев воз во функција е ставен во Нагоја, Јапонија.

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *