Кина: Најголеми дождови во последните 1.000 години, 12 жртви

Сподели со своите пријатели

Големи површини на земјиште во централната кинеска провинција Хенан се под вода, а главниот град Џенгжу беше најсилно погоден откако го погодија најсилните дождови, како што рекоа метеоролозите, „во последните 1.000 години“.

Loading...

Во поплавите загинаа најмалку 12 лица во Џенгжу, град со 12 милиони жители на брегот на жолтата река, а 100.000 луѓе се евакуирани на безбедно, јави новинската агенција Синхуа, цитирајќи ја локалната власт.

Животот на милиони луѓе во Хенан е тежок од викендот, во „невообичаено дождливата летна сезона, што доведе до брзо зголемување на нивото на реките во сливот на Жолтата река“, објави Ројтерс

Бројни возови низ Хенан се откажани, некои автопати се затворени, а летовите се прекинати или одложени.

Од саботата навечер до вторникот попладне паднаа 617,1 милиметар дожд на метар квадратен, што е скоро на нивото на годишниот просек од 640,8 милиметри.

Leave a Reply