Кина: Конфликтот во Украина излегува од контрола

Сподели со своите пријатели

Кина е многу загрижена поради конфликтот во Украина кој ескалира, па дури и излегува од контрола, изјави кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг за време на конференцијата во Пекинг.

Loading...

Москва и Пекинг се согласија на партнерство „без задржување“ непосредно пред руската инвазија на Украина во февруари минатата година, а Кина никогаш не ги осуди руските акции против својот источноевропски сосед, ниту го употреби зборот „инвазија“.

Соединетите Американски Држави предупредија на последиците доколку Кина ѝ даде воена поддршка на Русија, а за тоа во понеделникот зборуваа и некои европски лидери.

Пекинг уште еднаш ги отфрли тврдењата дека помага на вооружувањето на Москва.

„Ги повикуваме одредени земји веднаш да престанат да додаваат масло на конфликтот во Украина со такви изјави“, рече Чин Ганг, нагласувајќи дека Кина „ќе продолжи да го промовира мировниот дијалог и да работи со меѓународната заедница за да може дијалогот да ги реши проблемите“.

„Ние сме заинтересирани само за заедничка безбедност“, истакна Чин Ганг.

„Ширење мир и безбедност“

Неговите коментари уследија по најавите дека кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

За време на посетата на Унгарија во понеделникот, Ванг повика на преговори и мирно решавање на конфликтот.

Loading...

„Би сакале политичко решение што ќе обезбеди мирна и одржлива рамка за Европа“, рече Ванг, додавајќи дека „светот е во неред и војни“ и дека „земјите кои сакаат мир треба да ги прекинат сегашните непријателства како што поскоро.”

Во меѓувреме, Кина го објави документот Глобална безбедносна иницијатива (ГСИ), кој се потпира на концептот на „неделлива безбедност“ и во кој се нагласува дека проширувањето на мирот и безбедноста во светот мора да биде стремеж на сите земји.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.