Кина има најмногу војници, Русија тенкови, а кој вложува најмногу во сајбер моќта?

Сподели со своите пријатели

Кина има најмногу војници, Русија има најмногу тенкови, а Америка има најмодерни сателити. Но, кој има најголема сајбер моќ?

Loading...

Повторно, одговорот на ова прашање е – Соединетите Американски Држави.

Буџетот за сајбер безбедност на земјата за фискалната 2020 година беше над 17 милијарди долари, а Националната агенција за безбедност (НСА), како и нејзината Сигнално-разузнавачката агенција, најверојатно ќе добијат над 10 милијарди долари.

Новиот национален индекс на сајбер моќ на центарот „Белфер“ на Универзитетот Харвард рангира 30 земји според нивното ниво на амбиција и способност, пишува „Економист“.

Офанзивна сајбер моќ – можност да се предизвика штета во или преку компјутерски мрежи – е една од мерките.

Но, исто така е и силата на одбраната на земјата, софистицираноста на нејзината индустрија за сајбер безбедност и можноста за ширење и спротивставување на пропагандата.

Неверојатните размери на американска дигитална шпионажа во 2013 година ја изложи Едвард Сноуден, поранешен вработен во Националната агенција за безбедност, покажувајќи дека агенцијата го надгледувала најголемиот дел од светскиот интернет сообраќај и се обидувала да ги ослабне стандардите за шифрирање.

Leave a Reply