Кина го создаде првото клонирано куче (видео)

Сподели со своите пријатели

Кина неодамна објави дека стана првата земја во светот која клонирала генетски дизајнирано куче. Клонираниот бигл добил име Лонг Лонг.

Тој не е само прв клон направен од генетски модифицирано куче, туку е и првото клонирано куќе воопшто.

Процесот на клонирање на куќе може да потрае од два до повеќе месеци. Во рамките на експериментот, научниците се обидуваат да клонират десет кучиња, но модификациите во геномот може да се добијат само кај две единки. Истовремено, не е можно да се предвиди степенот на успешност.

Генетски модифицираните кучиња ги задржуваат репродуктивните способности и можат да се разможуваат од десет месеци. Модификацијата на гените се пренесува и на следната генерација.

Животниот век на ваквите кучиња не се разликува од оние на обичните. некои медиуми го нарекуваат суперкуче, но научниците кои го креирале не се сложуваат со тоа. Во иднина, кучињата, како што се наведува, ќе заболуваат од човечки болести, па затоа не може да бидат наречени суперкучиња.

Технологијата на генетското модификување има голема важност за развојот на медицината, затоа што помага во третирање на туморот и други генетски заболувања.

Следниот чекор во истражувањето на кинеските научници би можело да биде клонирање на мачки.

Loading...