Кина го прекина увозот на овошје и рибни производи од Тајван

Loading...
Сподели со своите пријатели

Од денеска Кина го прекина увозот на овошје и два вида рибни производи од регионот на Тајван, изјави Ма Ксијаогуанг, портпарол на Канцеларијата за прашања на Тајван при Државниот совет.

Увозот на грејпфрут, лимони, портокали и замрзната скуша од Тајван е забранет, јавува Кинеското меѓународно радио.

– Суспендиран е и извозот на природен песок од татковината Кина во Тајван – рече Ма.

Најновото влошување на односите во Тајванскиот теснец се случи поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа инвестира 240 милијарди евра во нуклеарна енергија

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.