Кина ги казни технолошките гиганти поради кршење на антимонополски закони

Сподели со своите пријатели

Кинеските технолошки гиганти, вклучувајќи ги Alibaba Group и Tencent Holdings, се казнети поради непријавени аквизиции.

Loading...

Компаниите не пријавиле 43 аквизиции во последните осум години, согласно правилата за „концентрација“, велат од Државната управа за регулирање на пазарот, пренесува Бета, повикувајќи се на АП.

За секој прекршок е предвидена казна од 80.000 долари (500.000 јуани).

Пекинг започна кампања за спречување на создавање монопол на пазарот и акции за заштита на податоците против технолошките компании на крајот на 2020 година.

Владејачката партија е загрижена дека компаниите имаат преголема контрола врз нивната индустрија и ги предупреди да не ја користат својата доминација за да ја блокираат конкуренцијата.