Ким Џонг Ун постојано го следат луѓе со бели тефтерчиња, еве што тие всушност работат (фото)

Сподели со своите пријатели

Ким Џонг Ун во известувањата на државната медиска агенција KCNA се појавува при лансирање проектили, а пилотите на воените авиони кратко ги советува за нешто, коментира отварање на спортски терени за млади…

Ким Џонг Ун троши милиони за долна облека за тинејџерки и девици!

Loading...

Една работа е задничка на сите од тие фотографии. Секогаш е опкружен со луѓе, очигледно државни службеници кои во рацете имаат нотеси или мали тефтерчиња и пенкала и нешто вредно бележат.

 

 

За BBC, Џејмс Грејсон, експерт за Кореја на Универзитетот во Шефилд, објаснил дека станува збор за демонстрација на претпоставената моќ, знаење, мудрост и грижа за нацијата на врховниот лидер.

Ваквото добронамерно делење совети на теренот потекнува уште од неговиот дедо, Ким Ил Сунг, од 50-те години.

Тоа е дел од имиџот на врховиот лидер. Тие совети кои ги дели, кои ги запишуваат службениците и партиските функционери, многу веројатно се од практична природа, ако внукот на првиот владетел ја следи традицијата на својот дедо – вели Грејсон.

KCNA во 1976 година во една прилика известувала дека Ким Ил Сунг посетил рибарска станица.

Гледајќи камион на работа, претседателот рекол дека неговиот теретен кош изгледа премал во однос на неговата сила. Рекол дека проблемот може да се реши, ако кошот се зголеми. Откако кошот се зголемил со капацитет од 800 килограми на капацитет од два тона, 20 камиони биле способни да завршат работа, за која инаку биле потребни 50 камиони. Се работи за тоа што тој се прикажува како некој кој има широко познавање. Но, невозможно е да знае за сите тие различни работи. Но, важно е дека службениците околку него изгледаат како да го впиваат секој негов збор – додава Грејсон.

Ким Џонг Ун и „испраните мозоци“ на Севернокорејците (видео)

Секако дека никој не сака медиумите да ја пренесат содржината од она што го запишале. Затоа што можеби запишале нешто што погрешно го разбрале, политички неодржливо.

Службената верзија затоа посебно се планира и лансира во јавноста независно од она што лидерот навистина го рекол.