Кик-боксерите на Куманово ќе учествуваат на Европскиот куп (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кик боксерите на клубот Куманово 2006 претстојниот викенд ќе земат учество на Европскиот куп кој ќе се одржи во краљево, Рпублик Србија, а во организација на Кик-бокс федерација на Србија.

Loading...

 

 

Куманово ќе го претставуваат кик-боксерите Лука Велковски, Јосиф Илиевски и Јован Димовски.

– Се работи за квалитетен турнир,ние сме секогаш подготвени за вакви турнири и предизвици и очекувам добри резултати. Од Лука Велковски очекуваме медал бидејќи беше државен првак на последното одржавно Државно првенство, но и од останатите очекуваме добар пласман, изјави тренерот Сашо Илиевски кој ќе ги предводи на турнирот.

 

Loading...

 

Инаку станува збор за силен турнир кој се одржува според календарот на WAKO светската кик-бокс организација и на кој учество ќе земат голем број натпреварувачи од Македонија и од другите европските држави.

Никола Ивановски