Киев: Се слушнаа 10 експлозии додека траеше предупредувањето за воздушна опасност

Сподели со своите пријатели

Десет експлозии се слушнаа денеска во Киев додека траеше предупредувањето за руски воздушни напади.

Loading...

Жителите на Киев пријавиле дека слушнале силни експлозии откако Русија започнала серија воздушни напади, објави Гардијан.

Низ Украина беше издадено предупредување за воздушна закана, а властите ги советуваа жителите да се засолнат.

Во Киев оперираше противвоздушна одбрана, а Ројтерс јавува дека во центарот на главниот град на Украина се слушнале 10 експлозии.

Шефот на регионот Киев однапред предупреди за можни ракетни напади.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм потврди дека во градот се слушнале експлозии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3