Киев ја призна диверзијата на мостот на Крим

Сподели со своите пријатели

Руските сили за воздушна одбрана соборија крстаречка ракета во близина на градот Керч на полуостровот Крим, објави вчера шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, пренесе Танјуг.

Loading...

Во инцидентот нема повредени или жртви, изјави Аксјонов на Телеграм.

Во меѓувреме, Украина вчера за прв пат призна дека е одговорна за нападот на мостот на Крим во октомври минатата година.

„273 дена откако го нанесовме првиот удар на мостот на Крим за да ја нарушиме руската логистика“, напиша заменик-министерката за одбрана на Украина, Ана Маљар на Телеграм.

Инаку, шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, негираше дека зад нападот на мостот стојат украинските разузнавачки служби.

Генералштабот на вооружените сили на Украина од вчера соопшти дека руските сили ги концентрираат главните напори во правец на Лиман, Бахмут, Авдеевка и Маринка.

Во меѓувреме, НАТО го претвори Вилнус, главниот град на Литванија, во тврдина бранета со напредно оружје за заштита на американскиот претседател Џозеф Бајден и другите лидери на Алијансата на самитот, кој се одржува на 32 километри од границата на Литванија со рускиот сојузник Белорусија.

Шеснаесет сојузници на НАТО испратија вкупно околу 1.000 војници за обезбедување на дводневниот самит на 11 и 12 јули, на кој учествуваат лидерите на 40 земји, а се одржува на само 151 километар од Русија.

Loading...

На аеродромот во Вилнус беа распоредени осум германски ракетни лансери „Патриот“ со цевки насочени во правец на руски Калининград и уште два кон Белорусија.

Од друга страна, голем број американски сојузници, ОН и хуманитарни организации ја критикуваа одлуката на Вашингтон во петокот да испорача касетни бомби во Украина.

Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Шпанија во саботата објавија дека се против употребата на такво оружје.

Германија рече дека иако нема да ѝ обезбеди такво оружје на Украина, ја разбира американската позиција.

Истовремено, Германија ќе инсистира на одложување на приемот на Украина во НАТО, поради стравот дека овој потег може да го доведе алијансата во војна со Русија, пишува лондонски „Телеграф“.

На регионално ниво, претседателите на Украина и на Полска, Володимир Зеленски и Анджеј Дуда, заедно ја одбележаа годишнината од масакрот на Полјаците од страна на украинските националисти за време на Втората светска војна, злосторство што останува извор на тензии меѓу сојузниците.

Во исто време, Полска почна да преместува повеќе од 1.000 војници на истокот од земјата, објави министерот за одбрана Мариуш Блашчак, поради зголемената загриженост на членката на НАТО дека присуството на војници „вагнер“ во Белорусија може да доведе до зголемени тензии на границата.

„Повеќе од 1.000 војници и речиси 200 технички единици од 12. и 17. механизирана бригада се движат кон истокот на земјата“, напиша Блашчак на Твитер, нагласувајќи дека ова е демонстрација на подготвеноста на Полска да одговори на обидите за дестабилизација во близина на границата.

Loading...

Во меѓувреме, украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко изјави дека од почетокот на рускиот напад на Украина, половина од целиот енергетски систем на Украина е оштетен.

Галушченко рече дека сумата не е конечна, бидејќи продолжуваат нападите на руските сили врз енергетските капацитети.

Украинскиот Државен инспекторат за животна средина соопшти дека целосната руска инвазија предизвикала еколошка штета од 55,9 милијарди долари, изјави украинскиот министер за животна средина и природни ресурси Руслан Стрилетс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.