04.10.2017 21:48

КГБ Кали, нарко картелот кој го наследи Ескобар: Снабдувале со дрога 90% од светот (фото+видео)


Најпознатиот нарко бос во светот, Пабло Ескобар убиен е на 2 декември 1993 година, но неговата репутација ан брутален лидер на картел и ден денес живее. Иако владеел со колумбиското подземјде долги години, тој не бил единствениот играч. Можеби сте слушнале за Кали картелот.

Пефовите во ривалскиот картел Кали, кој се наоѓал во истоимениот град југозападно од Медљин, биле браќата Родгригез Орехуела, Мигел и Гилберто.

Брутално убави, а страшно опасни: Ова се кралиците на дрогата (видео)

Како се наведува, овие два картели соработувале во текот на 80те години, организирале вооружени групи кои се бореле против киднапери и работеле на тоа да го стабилизираат пазарот на наркотици, како и да го поделат американскиот пазар – Медељин картелот го заземал Мајами и Јужна Флорида, додека Кали картелот го контролирал Њујорк и одредени североисточни делови на САД.

Но, тие и натаму биле ривали. Шефовите на крателот Кали стоеле зад обидот за убиство на Ескобар, кога вработиле платени убијци кои не успеале да го убијат во 1989 година.

 

loading...

 

Кој е картелот Кали?

Покрај браѓата Родригез, картелот го основал и Хозе Сантакруз Лондоно, познат како Чеше. Се одвоиле од Ескобар и соработниците на картелот Медаљин кон крајот на осумдесетите години, кога им се придружил и Хелмер Херера нарекуван Пачо. Тогаш станале четиричлен „извршен одбор“ кој го водел картелот.

Со врски помеѓу најплатените убијци, соработници во разни држави, бројни шпиони од државниот врв и својата огромна мрежа на известувачки податоци и нагледувањето во градот Сантјаго де Кали, картелот бил споредуван од DEA (американска управа за сузбивање наркотици) со советскиот КГБ и наречен „најсилен криминален синдикат во историјата“. Подоцна го добил и името „Кали КГБ“.

„MS-13“ – Една од најопасните банди во светот со мотото „Убиј, силувај, контролирај“(фото+видео)

На врвот од работењето на Кали Картелот, имале контрола на над 90% од светскиот пазар со кокаин и биле директно одговорни за растот на кокаинскиот пазар во Европа каде контролирале 90%. До средината на деведесетите години, царството на картелот Кали вредело неколку милијарди долари.

Основачите, браќата Родригез и Чапо Сантакруз, доаѓање од високиот општествен слој од поголемиот дел други трговци со дрога. Препознавањето на оваа социјална позадина укажало и на прекарот на групата – Џентлмените од Кали.

 

 

Првин се вклучиле во трговија со марихуана. Поради ниската стопка на добивка од производот и големите количини потребни за транспот за да се покријат трошоците, картелот се одлучил својот фокус да го пренасочи на поисплатлива дрога – кокаин.

Кон почетокот на 70те години, картелот во Њујорк го испратил Пачо Херер за да основа дистрибутивен центар. Тоа било време кога DEA не успеала во целост да го следи кокаинот и го сметала за дрога помалку критична од хероинот. Се смета дека опуштениот став на DEA кон кокаинот овозможил картелот Кали да напредува.

Групата се развила и организирала повеќе ќелии кои длувале независно, но давале извештаи на менаџерот кој тој извештај го проследувал до Хорхе Алебрто Родригез, синот на Гилберт Родригез, а тој пак до главните во картелот Кали.

За да се исперат парите од продажба на нарткотици, картелот вложил многу средства во легални бизниси, како и големи компании за да ги прикријат парите. Во 1996 година се верувало дека картелот имал годишен приход од седум милијарди долари само од САД.

Гилберто Родригез имал репутација на човек од бизнис секторот кој сакал разни работи, од подмитување до насилство. Браќата Родригез и нивните партнери, кои подоцна станале „бизнисмени“ имале голем углед во јавноста.

Пронашол заборавени пари од Пабло Ескобар – на својата фарма ископал 600 милиони (фото)

Соработката со Русите

„St. Petersburg Immobilien und Beteiligungs AG“ или скратено SPAG, фирма за недвижнини регистрирана во Германија во 1992 година, била осомничена од страна на германската полиција дека пружа услуги на мафијата во Санкт Петербург и колумбиските нарко босови во трансконтиненталното перење пари. Коосновачот Рудолг Ритер бил приведен во Лихтенштајн поради перење пари од кокаинот на картелот Кали.

Поранешен телохранител на украинскиот претседател, Николај Мељиченко, снимал разговор помеѓу догашниот лидер Леонардо Кучма и неговиот начелник за безбедност, Леонид Деркач.

Деркач: Овде имаме некои интересни материјали од Германците. Еден од нив е уапсен.

Претседател Кучма: Рутер, Рудолг Ритер.

 

loading...

 

Деркач: Да, во врска со таа афера и криумчарење дрога. Еве документи. Ги дадоа. Овде е и Вова Путин (прекар на денешниот претседател на Русија).

Претседател Кучма: постои нешто во врска со Путин?

Деркач: Русите веќе се купиле. Ова се сите документи. Ние сме единствените кои ги имаат.

Агентот на DEA кој работел на случаите на Ескобар и Кали Кателот

Како и другите ривали на Есобар, лидерите на Кали картелот учеле од успесите и грешките на Пабло Ескобар.

– Она што го забележавме кај Кали картелот е дека учеле од картелот Медаљин да не ги прават истите грешки. На пример, картелот Медаљин го нарекував „див, див Запад“ додека Кали беше повеќе организиран, деловен. Беа пософистицирани, рекол американскиот агент на DEA, Хавиер Пени, кој работел на случаите на Ескобар и Кали.

Агентот Пени во серијата „Наркос“, која во третата сезона се занимава токму со Кали Картелот, глуми чилеанско-американски актер Педро Паскал, кој глуми и во првите две сезони кога го следат Пабло Ескобар.

Повеќе водечки луѓе на картелот се уапсени во 1995 година, вклучувајќи ги браќата Родригез, Чапо Сантакруз, додека Пачо Херера сам се предал следната година.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments