Кенгур го усмрти својот сопственик во Австралија

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седумгодишен маж починал како последица на напад на кенгур кој го чувал како домашно милениче, што е прв фатален напад на кенгур од 1936 година, јавуваат австралиските медиуми.

Loading...

Локалните медиуми објавија дека во неделата попладне болничари биле повикани на имот на маж во Редмонд, на околу 400 километри југоисточно од Перт во Западна Австралија, откако наводно бил нападнат од кенгур што го чувал како домашно милениче, пренесува ХРТ.

Телевизиската куќа 9 објави дека член на семејството го пронашол сопственикот на кенгурот тешко повреден, а животното „станало насилно“ и ги спречило болничарите да му се приближат на човекот.

Локалните медиуми ја пренесоа изјавата на полицијата во која тврдат дека биле принудени да го заспијат животното за да и дозволат на Брзата помош да се грижи за мажот, кој подоцна починал на лице место.

Последниот пријавен фатален напад на кенгур се случил во 1936 година, кога 38-годишен маж бил убиен од кенгур во Нов Јужен Велс, јавуваат австралиските медиуми.