Казахстан: 13 лица загинаа во пожар

Сподели со своите пријатели

Тринаесет лица загинаа во четвртокот во пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градското одделение за итни случаи, пренесува агенцијата Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Loading...

Пожарот избувнал рано изутрината во трикатница во која на приземје и подрум престојувале 72 гости од хостел.

Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата.

Специјална истражна комисија

Девет жртви се Казахстанци, две лица од Русија и две од Узбекистан, соопшти полициската управа во Алмати.

Четири лица побарале медицинска помош, вклучително и студент од Индија, објави локалниот портал Zakon.kz, цитиран од властите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)

Причината за пожарот останува нејасна, објави Ројтерс, а владата објави дека формирала специјална комисија за истрага.