„Катастрофата во Запорожје би го надминала Чернобил“

Сподели со своите пријатели

Оштетувањето на нуклеарната централа во Запорожје би предизвикало невидено радиоактивно загадување, изјави претставник на локалната администрација.

Loading...

Шефот на воено-цивилната управа на Енергодар, Александар Волга изјави дека нападите врз реакторите престанале, но дека продолжува гранатирањето на потрошеното нуклеарно гориво во непосредна близина на единицата 6.

„Властите на Енергодар се крајно вознемирени од тие дејствија, бидејќи оштетувањето на инфраструктурата на нуклеарната станица би имало последици од невидени размери. Глобалната катастрофа што би можела да се случи многу би ги надминала последиците од нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима во однос на радиоактивното загадување“, изјави Волга за ТАСС.

Да потсетиме, Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за нападите врз нуклеарната централа во Запорожје.

Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа уште во март 2022 година, а централата сè уште е составена од украински персонал.

Во последните денови ситуацијата се интензивира, а генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, бара пристап до нуклеарната централа за да ја процени ситуацијата.

Во последниот извештај за статусот на нуклеарната централа Запорожје, МААЕ објави дека гранатирањето снимено во саботата предизвикало одредена штета, но дека достапните мерења на радијацијата сè уште покажуваат нормални нивоа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...