Катастрофално невреме во Германија: Аеродромот во Франкфурт целосно поплавен

Сподели со своите пријатели

Голем дел од Германија во текот на ноќта беше погоден од силно невреме, а силниот дожд предизвика поплави и откажани десетици летови од аеродромот во Франкфурт, соопштија денеска властите.

Loading...

Од аеродромот соопштија дека на пистата се насобрале големи количини вода и дека услугите на аеродромот не работат повеќе од два часа.

 

 

На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови се пренасочени кон други аеродроми.

Поради обилните врнежи поплавени се подруми, улици и метро станици во делови од југозападна и централна Германија и во Гелзенкирхен, во западниот округ Рур.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венецуела мораше да ангажира 11.000 војници за да ослободи затвор од криминалци

 

Loading...

 

Противпожарната служба соопшти дека луѓе се спасени од автомобили, бидејќи подвозниците биле под вода.

Во Ерфурт поради силниот ветер се превртеле два камиона, а возачите се полесно повредени, соопшти полицијата.