Касарната „Боро Менков“ во петок ќе го одбележи својот патронен празник

Сподели со своите пријатели

Во касарната „Боро Менков“ Куманово во петок со почеток од 11 часот, со одавање на почит и полагање на цвеќе пред бистата на Народен Херој „Боро Менков“  ќе биде одбележан патронатот на касарната односно денот на погинувањето на народниот херој чие име со гордост го носи касарната.

Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков пред присутните ќе се обрати командантот на касарната потполковник Ердоан Хасан и историчар Јасмина Глигоровска  од НУ Музеј Куманово.

На прославата ќе присуствуваат претставници од претпоставените команди, преставници од државна управа, јавните установи и служби, правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.

Културно уметничката програма со свое присуство ќе ја збогатат ученици од Гимназија „Гоце Делчев” и деца од градинката „Ангел Шајче“.

Leave a Reply