Карлеуша ќе му биде ментор на кумановецот Арангеловски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишниот Марио Арангеловски од Куманово викендов настапи на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ каде успешно се пласираше во вториот круг.

Loading...

Првата песна беше од Дино Мерлин, а втората од Здравко Чолиќ при што младиот кумановец ги освои симпатиите и на публиката и на жири комисијата.

За ментор ја избра Јелена Карлеуша. Во продолжение слушнете го неговиот настап, а останува да видиме дали ќе влезе меѓу најдобрите како неговиот минатогодишен колега Мартинијан Кириловски.

Leave a Reply