Кандидатите за градоначалник го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори (фото)

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за градоначалници на Општина Куманово денеска во просториите на локалната самоуправа го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори пред утрешниот старт на самата кампања.

 

Loading...

 

Петмина кандидати ставија свој потпис на Кодексот на македонска и албанска верзија од текстот.

Кодексот го потпишаа: од СДСМ – Максим Димитриевски, ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Ѓорѓиевски, Демократска партија на Албанците – Бесник Мемети, Алијанса за Албанците – Башким Османи и од Движење БЕСА – Дритон Сулејмани.

 

 

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат овој Кодекс, дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на Република Македонија, кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

– Ги направивме сите напори кои се во склоп на работата и динамиката на Општинската изборна комисија, така да вечра ги повикавме сите петмина кандидати за градоначалници, медиумите и набљудувачите кои се акредитирани, така да сите дојдоа во предвиедниот тајминг, се протече како што треба, немаше никаков проблем, се потпиша кодексот дека во истиот момент денеска, 80 општини и градот Скопје го потпишуваат овој документ кој на еден начин регулира фер и демократски избори – изјави Ѕвонимир Николовски, претседател на ОИК Куманово.

 

Loading...

 

Кандидатите недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи, финансирани од Буџетот на РМ, буџетите на општините и град Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

Учесниците во изборниот процес, исто така, недвосмилесно се обврзуваат дека ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на каква било закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или неподдржување на која било политичка партија или кандидат.

 

 

Како најголема општина во државата, во Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места, а над 1.670 одборници ќе бидат присутни на избирачките места.

 

 

Од ОИК велат дека се е подготвено за стартот на кампањата и спроведувањето на изборите.

Loading...

Учесниците во изборите за градоначалници и членови на советите на општините и град Скопје закажани за 15 октомври го потпишуваат Кодексот врз основа на член 8-в од Изборниот законик.