Канадскиот пратеник се појави како од „мајка роден“ на виртуелниот состанок на Долниот дом на канадскиот парламент одржан преку апликацијата Зум.
Вилијам Амос, кој е претставник на областа Понтеак во Квебек од 2015 година за Либералната партија, влета целосно гол во кадарот за време на состанок преку интернет, а неговата машкост беше покриена со мобилен телефон што го држеше во раката.
Фотографијата од голиот пратеник се прошири на интернет, иако состанокот не беше отворен за јавноста и го следеле само членови на парламентот.
Амос веднаш се извини за „несреќната грешка“.
– Снимањето беше случајно започнато додека се пресоблекував во деловна облека откако се вратив дома од трчање. Искрено им се извинувам на моите колеги за ова ненамерно одвлекување внимание. Настана грешка и нема да се повтори – објави пратеникот.
Liberal MP William Amos flashes the nation by appearing in front of the House of Commons, live, while buck naked. pic.twitter.com/8kcB2gvNV7
— Keean Bexte (@TheRealKeean) April 14, 2021