Канада воведе нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Канада воведе нови санкции против Русија, Иран и Мјанмар поради, како што наведе, кршењето на човековите права извршени од владите на тие земји.

Loading...

Во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи се наведува дека се воведени санкции против 33 сегашни или поранешни високи руски функционери, како и шест институции за наводно систематско кршење на човековите права на руските граѓани кои протестирале против рускиот напад врз Украина.

Од почетокот на војната во Украина, Канада воведе санкции за повеќе од 1.500 физички и правни лица од Русија, Украина и Белорусија.

Санкции беа воведени и против 22 лица во Иран, вклучително и високи членови на судството, затворскиот систем, како и политички лидери, како што се високи соработници на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, поради кршење на човековите права на демонстрантите во таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Канада, исто така, воведе нови санкции против Мјанмар кои вклучуваат 12 поединци и три институции кои вршат клучни функции во армијата на Мјанмар, го олеснуваат протокот на оружје во армијата и овозможуваат насилство, објави Министерството.

Војската ја презеде власта во Мјанмар по државен удар минатата година, а 13.000 луѓе кои беа уапсени по пучот се уште се во притвор, објави Ројтерс.