Преку 150 лешеви со денови се возеле во камион ладилник, затоа што за нив немало место во мртовечницата во мексиканскиот град Гваделахара.
Бизарниот инцидент е откриен откако жителите се жалелена грозната мсрдеа која се ширела од камионот, кој кружел низ нивниот град.
Камионот полн со лешеви прв пат е забележан минатата недела во складиштето во Гвадалахара. Возилото припаѓало на државниот Форензички институт. Жителите се жалеле на ужасен мирис, па градоначалникот барал да се провери камионот.
Следниот ден возилото било забележано паркирано на друг крај, ширејќи идентична смрдеа. И тамошните жители поднеле жалби, па камионот бил преместен во индустриска зона.
Кога надлежните конечно ги отвориле вратата на ладилникот, глетката од 157 непобарани мртви тела ги оставила без текст. Работниците во мртовечницата сите овие лешеви ги преместувале по неколку пати, затоа што во фрижидерите повеќе нема место.
Кога било откриено што има внатре, директорот на Форензичкиот институт Луис Октавио Котеро бил отпуштен поради „несовесен чин“. Но, се поставува прашањето колку е тоа фер, затоа што Котеро уште пред две години предупредил дека стапката на убиства во тој крај е толку голема, што мртовечницата веќе не може да се носи со толкав број на лешеви.
Зошто во Мексико не треба да излегувате од дома точно во 17:45 часот? (ВИДЕО)
Убиствата во оваа мекисканска држава навистина се чести – само од почетокот на годината регистрирани се 16.339. Тоа е дом на најнасилните мексикански нарко банди. Мртовечниците редовно се полнат поради војни на картелите.
Моментално се гради нов објект кој ќе има капацитет за 700 тела.
UN GOBERNADOR QUE HUELE A MUERTO
Ya son mas de 400 los muertos errantes en #Jalisco y el escándalo internacional convierte en cadáver político al Gobernador @AristotelesSD Sandovalhttps://t.co/A9qwP0EogE#MEXICO#GUADALAJARA— La Polaka (@LaPolaka) September 19, 2018

