Какво време носи новата работна недела?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 степен.

И во следните денови продолжува променливото и посвежо време.

Најоблачно и најсвежо со повремен дожд ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Потоа дневната температура ќе биде во пораст, а кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи и грмежи.

Image by O12 from Pixabay

Leave a Reply