Какво време нè очекува денес и во наредните денови?

Сподели со своите пријатели

Денес и утре нашето подрачје се уште ќе биде под влијание на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Денес попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови, каде локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе продолжат и во текот на ноќта. Во источните делови преку денот ќе има и подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопската котлина ќе се задржи променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со повремен дожд и грмежи, но со умерен интензитет.

И утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.

Во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и потопло. Во четврток попладне под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има локален дожд и грмежи, а од петок засилен северен ветер и пад на температурите.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...