Какво време може да очекуваме денеска?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви период во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Темературата во утринските часови ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до седмиот степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови цени на нафтените деривати од полноќ

Во текот на ноќта кон четврток се очекуваат повторно врнежи од дожд.

Како што додаваат од УХМР, следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег.

Во четврток и петок врнежи ќе има на повеќе места и ќе бидат со умерен интензитет.

Loading...

Никола Ивановски