Какво време ќе имаме во последната сабота од годинава?

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта и утринава е променливо облачно, во северозападните и северните делови со врнежи од снег. Изутринава и во делови од Скопската котлина провеа снег.

Loading...

Дуваше слаб, а во североисточните делови умерен ветер од северен и северозападен правец.

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно и студено време со повремен снег на повисоките места и на планините, а услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места.

Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со умерени сончеви периоди. Утринава провејува слаб снег, а во текот на денот се очекуваат слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 3 степени целзиусови.

Leave a Reply