Рачни бомби и запалки од артилериски гранати, вчера биле пронајдени во напуштена куќа во селото Челопек, во општината Старо Нагоричане.
– Во СВР Куманово е пријавено дека во напуштена куќа во село Челопек, општина Старо Нагоричане, пронајдени се две рачни бомби и две запалки од артилериски гранати 76 мм кои потекнуваат од Прва светска војна, информираат од Секторот за внатершни работи.
Како што додаваат од полицијата, на 26.05.2026, бомбите бзбедно се подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
– Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.
Никола Ивановски

