Времето во Куманово денеска пред самиот почеток на викендот, ќе биде облачно со врнежи од дожд.
Според метео прогнозата на accuweather, ќе имаме врнежливо време. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец, а максималната температура ќе достигне 10 степени.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, кога температурата ќе се спушти на 4 степени целзиусови.

На првиот ден од викендот, ќе имаме делумно сончево време со максимална температура која ќе достигне до 9 степени.
Нешто потопло ќе биде во недела, кога живата во термометрите ќе се искачи до 11от степен, но повторно ќе биде делумно сончево.

Слично време продолжува и од почетокот на следната работна недела, до четврток, кога повторно ќе имаме врнежи од дожд.
Никола Ивановски